Кампањата „Да го зачуваме синото срце на Европа“

Во 2013 година, меѓународните граѓански организации Ривервоч и Еуронатур ја започнаа меѓународната кампања „Да го зачуваме синото срце на Европа”. Целта на кампањата е да се спречи уништувањето на најзначајните реки и речни корита во Југоисточна Европа, поради неконтролирана изградба на хидроенергетските проекти. Една од клучните области на интерес е Националниот парк „Маврово” каде е предвидена изградба на над 20 хидроенергетски проекти!

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ од 2010 година спроведува активности за зачувување на Националниот парк „Маврово“ и последните слободни реки во Македонија. Почнувајќи од 2013 година, активностите на „Фронт 21/42“ се поддржани од меѓународната кампања „Да го зачуваме синото срце на Европа”.

Регионален Еко-Мастер план за зачувување на Балканските реки

Хидро енергетските проекти во Националниот парк „Маврово“

Прирачник Користете ги правните алатки и механизми за заштита на животната средина – Инспирирајте се од приказната за националниот парк Маврово и зачувајте ги последните диви и слободни реки во Европа“.

Вести

Нов извештај: субвенциите за хидроенергија предизвикуваат хаос во животната средина и ги полнат џебовите на влијателни лица од Западниот Балкан

Нов извештај: субвенциите за хидроенергија предизвикуваат хаос во животната средина и ги полнат џебовите на влијателни лица од Западниот Балкан

Непропорционално високи субвенции за малите хидроелектрани во Западен Балкан резултираат со големи штети по животната средина, а од нив профитираат богати бизнисмени кои се блиски или се дел од владите во регионот. Истовремено, придонесот кон производството на...

Хидроцентралите Жировница 5 и Жировница 6 ги изгубија дозволите за градба. Дали Владата конечно ќе се осмели да ги раскине концесиските договори?

Хидроцентралите Жировница 5 и Жировница 6 ги изгубија дозволите за градба. Дали Владата конечно ќе се осмели да ги раскине концесиските договори?

Хидроцентралите Жировница 5 и Жировница 6 ги изгубија дозволите за градба. Прашуваме: дали Владата конечно ќе се осмели да ги раскине концесиските договори за овие хидроцентрали во Националниот парк Маврово во согласност со барањата на Бернската конвенција и...

„Фронт 21/42“ и Месната заедница на Жировница со акција и порака за зачувување на Жировничка река: „СТОП ЗА ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ НА ЖИРОВНИЧКА РЕКА“

„Фронт 21/42“ и Месната заедница на Жировница со акција и порака за зачувување на Жировничка река: „СТОП ЗА ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ НА ЖИРОВНИЧКА РЕКА“

Националниот парк Маврово е под закана од над 20 хидроенергетски проекти – три од нив на Жировничка река, река која обезбедува вода за пиење за второто најголемо село во Маврово, Жировница. Зафатите се лоцирани над самата каптажата за вода за пиење на селото и со тоа...

КАКО ДА ГО ИСКОРИСТИТЕ ПРАВОТО ЗА ДА ЈА ЗАШТИТЕ ПРИРОДАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА?

КАКО ДА ГО ИСКОРИСТИТЕ ПРАВОТО ЗА ДА ЈА ЗАШТИТЕ ПРИРОДАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА?

КАКО ДА ГО ИСКОРИСТИТЕ ПРАВОТО ЗА ДА ЈА ЗАШТИТЕ ПРИРОДАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА? Ви го претставуваме прирачникот за практична употреба на правото за зачувување на животната средина, базиран врз искуството од  нашата речиси 10-годишна борба за зачувување на Националниот...

Бараме итно воспоставување на зони за заштита на реките!

Во нашата земја и поширокиот Балкански регион се наоѓаат последните таканаречени „диви“, или „слободни“ реки. Наместо да го заштитиме овој бесценет природен ресурс ние планираме над 400 хидроенергетски проекти. Половина од нив се предвидени во недопрена природа, во најживописните речни долини, некои и во национални паркови и други заштитени подрачја.

Бараме итно воспоставување на зони за заштита на реките – зелени зони за сини реки!

Поддржете ја иницијативата на следниот линк:

Поддржувачи

Контактирајте не

+389(0)23122546

Бул. Климент Охридски бр.54-2/2, 1000 Скопје