front
 
English
Новости
Што правиме
Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
За нас

 Фронт 21/42 е непрофитна, невладина, еколошка организација, регистрирана како Граѓанско здружение во Јануари 2005 год.
Организацијата се роди во Декември 2004, во едно студено утро (некаде околу 3 часот по полноќ), по долга и инспиративна дискусија на тема какво ни е општеството и какво би сакале да биде, во моментот кога сфативме дека НИЕ МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ НЕШТО ВО ВРСКА СО ТОА!
Во дискусијата учествуваа 6 непоправливи идеалисти и нивната енергија и визија неполн месец подоцна се претвори во нова организација.
Од Јануари 2005 отворивме Фронт за борба против деструкцијата врз природата, на географските координати 21 и 42, планетарната адреса на Скопје, градот во кој сме родени и живееме.
Фронт 21/42 ја израснавме како свое дете и денес брои 18 членови, има своја канцеларија и директно соработува со голем број домашни и странски организации.

Од август 2006 Фронт 21/42 е Партнер организација за Македонија на International Friends of Nature, со седиште во Виена, Австрија, а од јануари 2007 асоцијативна членка на Јustice and Environment, Европска мрежа на организации за еколошко право .
 

 

Ултимативната мисија на Фронт 21/42 е хармонизација на општеството со природата.

Целите кои ги зацртавме за остварување на оваа мисија се:

  • борба против климатските промени;
  • одржливо искористување на природните ресурси;
  • зачувување на биодиверзитетот;
  • подобрување и спроведување на еколошка легислатива;
  • афирмација на прогресивни светски еколошки трендови;
  • поврзување и заедничко дејствување со домашни и меѓународни организации и индивидуалци за остварување на овие цели.

Методи за остварување на целите:

  • конкретни акции;
  • едукација;
  • јавни кампањи и настани;
  • советувања;
  • лобирање и застапување.

Мотото кое не води од самиот почеток е древната индијанска поговорка „Ние не ја наследуваме Земјата од нашите родители – туку ја позајмуваме од нашите деца"

 

 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт