| Истражувања/анализи
Истражувањата и анализите се многу важен дел од планирањето на нашите проекти. Не ретко се случува да истражување спроведено во рамки на еден проект укаже на потреба од нов проект или активност кои директно ќе кореспондираат со реалните состојби на терен.
Затоа формиравме посебен тим кој планира, спроведува и анализира истражувања на јавното мислење на конкретни теми поврзани со животната средина.
Доколку имате потреба од истражување и анализа на конкретна тема поврзана со животната средина, нашиот тим може да ви помогне со консултации и/или дизајнирање, спроведување и изготвување на извештај за резултатите од истите.
Граѓанските здруженија регистрирани во Република Македонија имаат посебен попуст од 50%.
За сите наведени услуги може да се обратите во нашата канцеларија секој ден од 9:00 – 17:00 часот или да ни испратите e-mail oвде
|