| Ekолошко право/Архуска конвенција
Нашиот тим од програмата „Правото за животната средина“ нуди
правни консултации за граѓани и граѓански здруженија за остварување на правата гарантирани со Архуската конвенција.
Дополнително, kако асоцијативна членка на Европската мрежа на органзации за еколошко право „Justice and Environment“ имаме можност вашите прашања и/или поплаки поврзани со Архуската конвенција директно да ги доставиме до Томас Алге, раководител на одделот за еколошко право на Еко Биро, (координативно тело на најголемите еколошки организации од Австрија), назначен од Европското Еколошко Биро како одговорен за правна помош на граѓани и граѓански здруженија од земјите од Европската Унија, земјите кандидати и земјите од Југоисточна Европа.
Наша цел е од 2009 година во рамки на програмата да нудиме и бесплатна правна помош и застапување на сите граѓани и граѓански здруженија за остварување на нивните права од областа на еколошката легислатива.
Обратете се во нашата канцеларија секој ден од 9:00 – 17:00 часот или испратете e-mail oвде
|