Еколошко право
Формално еколошката легислатива во Македонија е речиси целосно хармонизирана со европската. Во реалноста сликата е дијаметрално спротивна – граѓаните не си ги познаваат ни основните законски права, загадувачите ги кршат законите и во најдобар случај поминуваат со симболични казни, граѓанскиот сектор нема доволно познавање и капацитет да ја промени ситуацијата, еколошки правници нема, а правото од јавен интерес е на многу ниско ниво.
Затоа, во 2006 година решивме да започнеме со програма „Правото за животната средина“. повеќе
|