Македонија има релативно млада демократија во која граѓанскиот сектор сеуште ја нема вистинската улога. Кога станува збор за животната средина во нашата земја има голем број на помалку или повеќе активни граѓански здруженија, кои, за жал, многу малку вистински учествуваат во кроењето на политики и носењето на одлуки. Развојот на партиципативната демократија зависи и од институциите, но и од самите граѓански здруженија.
Наша цел е преку сите активности кои ги спроведуваме да придонесеме кон јакнење на граѓанскиот сектор во Македонија и неговата улога во општеството.