front
 
English
Новости
Што правиме Климатски промени
Одржлив развој
Еколошко право
проекти/активности
Граѓански сектор
Јавна Свест
Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Што правиме/ Еколошко право

 

Во текот на нашите проекти и активности често патуваме низ Македонија и комуницираме со локалното население. При тоа, не ретко сме сведоци на грубо кршење на еколошките закони низ целата земја, особено од страна на големите индустриски капацитети. Истовремено не може, а да не се забележи дека голем број од Македонските граѓани не си ги познаваат ни основните права, гарантирани со националните закони и голем број на меѓународни конвенции кои нашата држава ги ратификувала. Дополнително, кога некои од граѓаните ќе ни се обратеа со специфични прашања или барања за помош поврзани со еколошките закони се наоѓавме во непријатна ситуација да не знаеме што да им одговориме или како да им помогнеме – немавме правници во организацијата.
Имплементацијата на еколошката легислатива е основа во борбата за зачувување на животната средина и многу често единствениот начин да се постигнат вистински резултати и промени.

 

Поради сето ова решивме да започнеме со програма за еколошко право - “Правото за животната средина“. Тимот кој ја води програмата се состои од дипломиран правник, 2 студенти по право и 2 активисти.

Главна цел на програмата е заштита на животната средина “via iuris” (преку правото).

 

Специфични цели кои ги поставивме се:·     

  • подобрување на капацитетите на граѓанските здруженија за користење на правото како една од алатките во заштитата на животната средина;

  • подигнување на јавната свест и едуцирање на граѓаните за законски гарантираните права во заштитата на животната средина;

  • спроведување на правни анализи и ширење на информациите и знаењето;

  • подобрување на соработката меѓу Македонските здруженија за заштита на животната средина и заштита на човековите права;

  • подобрување на имплементацијата на Архуската конвенција во Македонија;

  • промовирање на правото од јавен интерес меѓу студентите по право и pro bono праксата меѓу адвокатите во Македонија.

 

Фронт 21/42 е асоцијативна членка на Европската мрежа на невладини организации за еколошко право "Justice and Environment"

 


 

Проекти и Активности во Еколошко право (вкупно 2) Види ги сите проекти

Активистите и правниот пристап

„Дневникот на кучето набљудувач“



   
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт