front
 
English
Новости
Што правиме Климатски промени
проекти/активности
Одржлив развој
Еколошко право
Граѓански сектор
Јавна Свест
Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Што правиме/ Климатски промени

 

 

Несовесното користење на фосилните горива и уништувањето на шумите на сите генерации од почетокот на индустриската револуција до денес, се главната причина за промената на климата на нашаа планета. Секојдневното додавање на стакленички гасови во атмосферата им го одзема правото на генерациите кои доаѓаат после нас да живеат и создаваат во свет каков што сеуште имаме: богат со ресурси и можности.
Научниците предупредуваат дека следните 10 години се клучни за животот на планетата во иднина: доколку сите заедно ништо не направиме за да ја намалиме емисијата на стакленички гасови во атмосферата – светот во кој ќе живеат нашите деца ќе биде многу поразличен од овој денес.




Она што нив ги очекува е свет во кој ќе има многу високи температури, суша, недоволно храна,
екстремни временски услови, масовни преселби, зголемен број на пожари, зголемен број на болести како маларија, итн. Се проценува дека економската штета од климатските промени ќе биде еднаква на две светски војни одеднаш.

Се изгубија многу години во полемики дали воопшто се случуваат климатски промени.
Потоа долго време одговорните се занимаваа со прашањето дали навистина човекот е виновен за
тоа. Најпосле, денес нема никакви сомневања дека климата на нашата преубава планета се менува и дека причина за тоа сме ние луѓето и дека нема место и човек кој може да ги избегне последиците од климатските промени.

Сега веќе немаме време за полемики и дебати – сега мора да се дејствува!

Во моментов се наоѓаме во клучен момент и од решенијата на оваа генерација зависи нашата иднина и иднината на сите следни генерации.




Добрата вест е дека сеуште може да се дејствува и да се превенираат
катастрофални промени кои ќе бидат незапирливи!

Решенијата постојат и во светот веќе голем број држави спроведуваат низа мерки кои не само што успешно ги намалуваат стакленичките гасови и со тоа ги ублажуваат климатските промени, туку носат економски и социјален бенефит на нивните граѓани.

Нашата работа е целосно насочена кон тоа Македонија да биде дел од овој прогресивен свет.

 

Симнете ги нашите PDf едукативни брошури бесплатно:

            11 - 14 год.          8- 10 год.

Македонски (11.5MB)       Македонски (11.7 MB)

Албански (10.1MB)          Албански (9.22MB)

Поради големината на документот брошурата за средно образование не може да биде објавена на web страна
Нарачајте печатена верзија овде

 

Симнете го и испратете го по e-mail Апелот за одговорно однесување кон следните генерации

Приклучете се кон глобалната кампања Час за Земјата

Дознајте повеќе за Македонија и климатските промени

 



 

Проекти и Активности во Климатски промени (вкупно 5) Види ги сите проекти

COP15 Копенхаген (07.-18.12.2009)

Нашата клима се менува - мора да се промениме и ние!

Борци против климатски промени




   
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт