Еко Форум
од 2009-01-11 до 2011-01-11 во Македонија и Брисел
Фронт 21/42 е една од организациите кои ја претставуваат Македонија во Еко Форум, проект финансиран од Европската Комисија чија главна цел е поддршка на активната и конструктивна улога на невладините организации од земјите кандидати и потенцијални кандидативо процесот на проширување на Европската Унија.
Активистите и правниот пристап
од 2008-12-01 до 2009-12-01 во Македонија, Црна Гора
Еколошките закони се најефективни кога се користат како алатка за превенција на штета врз животната средина и здравјето на луѓето.
Во Македонија, како земја кандидат за членство во Европската Унија, постојат голем дел од правните алатки за заштита на животната средина кои ги користат и Европските граѓани и организации.
Круг: Ре-Продукција
од 2006-06-28 до 2006-07-12 во Музеј на Град Скопје
„Круг: Ре-Продукција“ на Илиана Петрушевска е изложба на колажи која се фокусира на пакувањето како моќен визуелен симбол на нашата „употреби-па фрли“ култура.
Круг:Ре-Визија
од 2006-04-05 до 2006-05-20 во Скопје
Серија предавања на тема „Одржливо искористување на природните материјали во современите архитектура и дизајн“ и изложба на светлосни тела во Presstoexit project space.