front
 
English
Новости
Што правиме Климатски промени проекти/активности
Одржлив развој Еколошко право Граѓански сектор Јавна Свест Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Климатски промени/ Проекти и Активности

 
„СеверЈугИстокЗапад“ Караван од 05-01-2006 до 02-28-2007 во Гостивар, Струмица, Струга, Битола

Изложбата „Север Југ Исток Запад“ е една од активностите на глобалната кампања „Град без јаглерод“ на Британскиот Совет чија цел е зголемување на свеста на јавноста во врска со глобалните климатски промени преку прикажување на предизвиците со кои се соочува светот како последица од активностите на човештвото.
Како соработници на кампањата се појавуваат врвни личности од различни области, како поранешниот премиер на Обединетото Кралство Тони Блер, поранешниот Генерален Секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, познатиот актер и активист Леонардо ДиКаприо
и многу други.



Фотографиите се изработени од познати светски фотографи, кои на 12 локации ширум светот со своите апарати документирале како Земјата и животите на луѓето се менуваат под влијание на климатските промени, како и мерките кои различни нации ги спроведуваат со цел да ги спречат катастрофалните последици кои ни се закануваат.

„Караванот“ со 23 постер фотографии пропатува низ 4 градови во Македонија:


 
  Гостивар                                          Струмица



  Струга                                             Битола

Во рамки на изложбите беше поделена едукативна брошура со посебен осврт на климатските промени во Македонија и очекуваните последици од истите.

Во сите градови, во соработка со членовите на Блу Скај мрежата, беа организирани групни посети на изложбата на ученици од основно и средно образование.

Во рамки на проектот се спроведе истражување за информираноста и мислењето на граѓаните во врска со климатските промени. Со истражувањето беа опфатени сите четири општини, околу 1000 ученици од средно образование, 380 професори од основно и средно образование и околу 300 посетители на изложбите.
Нашите сограѓани, за жал немаат многу прилики да се информираат за климатските промени - Караванот ја приближи темата до илјадници граѓани во овие четири општини.


Донатор: Британска амбасада




Дознајте повеќе за Македонија и климатските промени




 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт