front
 
English
Новости
Што правиме Климатски промени проекти/активности
Одржлив развој Еколошко право Граѓански сектор Јавна Свест Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Климатски промени/ Проекти и Активности

 
Среќна Нова Елка! од 12-28-2006 до 12-31-2006 во Скопје

  Ви посакуваме                         Ви посакуваме                    Ви посакуваме                       Ви посакуваме
  чист воздух!                             плодна почва!                      бистра вода!                         пријателско сонце!


 

Новогодишните празници се навистина посебен период од годината гледано од повеќе аспекти. Тоа е време кога луѓето стануваат поемотивни, исполнети со оптимизам и елан, време кога грижите од изминатата година ги оставаат зад себе и се подготвени за позитивни случувања во иднината. Тоа е време на добри желби.
Истовремено, тоа е и период на екстремна потрошувачка и човечки егоцентризам. Она што останува зад нашите “добри желби“ се тони ѓубре, расипничко трошење на природните ресурси и голем број исечени елки, од кои повеќето еден месец подоцна завршуваат исушени во контејнерите.
Затоа решивме да го искористиме овој период од годината за отпочнување на кампања која ги обединува добрите желби и позитивните емоции со висока еколошка свест и човечка одговорност.

Цел на кампањата

Одговорно однесување кон природата: “Да ја оставиме секирата и да ја земеме лопатата“.

Активност

Во рамки на кампањата беа дистибуирани 35 000 новогодишни картички со порака за будење: 
“Климатските промени се реалност. Направи нешто! Започни ја новата година со нов живот. Засади елка!“
Повикот за подигнување на свеста го споивме со позитивни, но сепак ’освестувачки’ новогодишни желби, по една за секој природен елемент.
За да се поттикне активно индивидуално учество, секоја од картичките беше спакувана заедно со семе за елка. Семето за божикни елки во ова време од годината е материјализација на повикот за крај на уништувањето и почеток на обновувањето.
Имајќи ја на ум мултикултурноста на населението во земјата, и фактот дека климатските промени не делуваат на „етничка основа“ – пораките, како и упатствата за садење беа преведени на сите 5 јазици на малцинствата.

Дистрибуција

Со цел да се допре до пошироката популација и да се исполнат целите на кампањата, картичките беа дистрибуирани на неколку начини:
Најголемиот дел беа вметнати во дневниот весник со најголем тираж “Дневник“;
Сите четири спонзори (Британска Амбасада, UNDP, Министерсвото за животна средина и просторно планирање и Мобимак Фондацијата) ги употребија картичките од кампањата како новогодишни честитки за таа година. Со ова кампањата допре до широка целна група: од владини агенции, сите општини, до странски 
претставници и бизнис соработници;
 
Во соработка со Британскиот Совет од Скопје околу 2000 картички беа дистрибуирани низ земјата од страна на членовите на
младинската мрежа Blue Sky. Оваа паралелна акција ја донесе кампањата во 31 град и сите средни училишта во државата. Една од најважните цели беше да се осигура садењето на сите семиња дистрибуирани од членовите на мрежата. На овој начин ја осигуравме една од најважните цели - многу нови елки што ќе растат во годините што доаѓаат како резултат на оваа кампања; 
Фронт 21/42 постави дополнителна целна група чие влијание врз животната средина е навистина големо и за таа цел испрати картички од кампањата до индустриски капацитети како што се рафинерии за нафта, термо централите, хемиските фабрики и др. – директно обраќајќи се на нивната еколошка одговорност;
Околу 1,000 картички заедно со семињата, беа дистибуирани до јавни места со висока посетеност во деновите пред новогодишните празници како ресторани и книжарници. Картичките им беа давани на купувачите заедно со сметките.

 

Резултати

Позитивниот приод имаше целосен успех и кампањата беше многу позитивно прифатена од страна на граѓаните.
По стартувањето на кампањата примивме многу повици и електронска пошта, некои за поддршка, други за повеќе детали околу садењето на семињата. Една година по кампањата примивме повеќе пораки за растењето на“среќните нови елки“.

 

 

Донатори:
Британска Амбасада, UNDP,
Министерство за Животна Средина и Просторно Планирање,
Мобимак Фондација за Македонијa


 

 

Дознајте повеќе за Македонија и климатските промени


 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт