| Круг: Ре-Продукција од 06-28-2006 до 07-12-2006 во Музеј на Град Скопје
   
Деструкцијата на системот кој ни овозможува да опстанеме како раса и се пореалната закана дека го губиме светот онаков каков што го познаваме, не само што е моќна уметничка тема, туку е и тема за која мора да зборуваме и да ја прикажуваме што почесто и во различни форми.
Еколошки ангажираната уметност е актуелен правец во современата светска уметност, а младите креативни луѓе од тимот „Круг“ се дел од овој растечки глобален тренд.
„Круг: Ре-Продукција“ се фокусира на пакувањето како моќен визуелен симбол на нашата „употреби-па фрли“ култура и рекламните фотографии кои повикуваат на уште поголема лакомост. Колажите се целосно изработени од употребени пакувања, стари весници и списанија и претставуваат уметничка материјализација на „Тројно Р“ принципот (Редуцирај, Реупотреби, Рециклирај).
Илиана Петрушевска е еден од првите уметници кои се приклучија кон тимот „Круг“ од почетокот на неговото формирање во Јануари 2005.
Зборови на авторот:

Колекцијата е „Ре-продукција“ на светот во кој живееме: она што некогаш било природа и дрвја кои растеле во шумите и ни го обезбедувале неопходниот за живот кислород, претставувале живеалишта за многу други форми на живот, итн – сега е ѓубре и реклами за консумација на уште повеќе продукти, уште повеќе ѓубре... Колажите се всушност парчиња од тажната приказна која секојдневно сите ја пишуваме, оставајќи на оние кои доаѓаат после нас да се справат со нејзините последици.
Погледнете ги делата од изложбата
Проектот е реализиран во соработка со Музеј на Град Скопје
Други Линкови:
Галерија „Круг:Ре-Визија“
Еколошки ангажирана уметност
Зелен музеј
Уметници:
John Dahlsen
Bells from Everest
Rivercubes
Mierle Laderman Ukeles
|