| Следната индустриска револуција од 06-15-2006 до 06-20-2006 во Американско катче, Скопје

На покана на Американската стопанска комора, во Американското катче во Скопје одржавме неколку презентации на тема „Одржлива наспроти регуларна економија“, по кои следеше документарниот филм „Следната индустриска револуција“ , апсолутен победник на сите меѓународни фестивали за еколошки документарци. Филмот ги претставува проектите на Бил МекДона и Мајкл Браунгарт , кои Тајм Магазин ги прогласи за „Херои на планетата“. Нивниот концепт Од колевка до колевка буквално го ре-дизајнира самиот дизајн, а со тоа и светот околу нас.
Презентациите беа одржани пред селектиран аудиториум, поточно членови на централната власт (Министерство за економија), Град Скопје, претстaвници на бизнис секторот, професори и студенти на економскиот факултет во Скопје.
Прочитајте извадок од презентацијата
Повеќе за Еко-економија
|