front
 
English
Новости
Што правиме Климатски промени Одржлив развој проекти/активности
Еколошко право Граѓански сектор Јавна Свест Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Одржлив развој/ Проекти и Активности

 
Јас сум против најлон ќеса од 04-11-2005 до 04-29-2005 во Скопје

 

На 23ти Април, по повод Денот на планетата Земја, Фронт 21/42 во соработка со меѓународното средно училиште „Нова“, ја спроведе кампањата “Јас сум против најлон ќеса“.

Големите ланци на супермаркети природно се наметнаа како вистинското место за оваа кампања – тие се извор на огромен број најлон кеси во кои се “гуши“ природата околу нас. Оваа грда слика, која никој не може да ја игнорира, упатува на нивната одговорност кон заедниците во кои ги водат своите бизниси.

Ги поканивме трите најголеми ланци на супермаркети во Македонија: “Скопски Пазар“, “Тинекс“ и “Веро“ да земат учество во нашата кампања.
Само “Скопски Пазар“ одговори позитивно. Компанијата одвои финансиски средства за 1000 платнени торбички кои нашите активисти, заедно со учениците од „Нова“ ги делеа на купувачите пред маркетите.

Како дел од кампања спроведовме анкета на 1000 граѓани.
Според анкетните резултати просечниот потрошувач дневно користи 2,87 најлон кеси;
38% од анкетираните се изјаснија дека државата треба да превземе иницијатива за намалување на употребата на најлон кеси.
Анкетата покажа дека мнозинството од купувачите веруваат дека платнените торбички би биле најдобра замена за најлон кесите.
Едно од најважните анкетни прашања беше дали испитаниците сметаат дека најлон кесите треба да им се продаваат на купувачите, а не да се делат бесплатно.
Повеќе од 45% од испитаните се изјаснија дека тоа би било добра идеја.

 

Наш заклучок

 

Македонија се гуши во пластика, тоа е слика што не може да се избегне во нашите градови, села или надвор, во природата.
Сметаме дека фактот што повеќе од 45% од испитаниците ја подржуваат идејата ќесите да се продааваат, а не да се делат бесплатно, треба сериозно да биде земен во предвид од страна на властите и компаниите. Ова веројатно би бил најефикасен начин за намалување на употребата на најлон кеси и значително да се редуцира овој тип на отпад, а со тоа да се подобри сликата на нашето опкружување.

 


 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт