front
 
English
Новости
Што правиме Климатски промени Одржлив развој проекти/активности
Еколошко право Граѓански сектор Јавна Свест Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Одржлив развој/ Проекти и Активности

 
Сите сме заедно во кругот! од 06-01-2007 до 05-31-2008 во Гостивар

Воспоставување на модел за примарна селекција и собирање на пластична (РЕТ) амбалажа во средните училишта во Гостивар

Проблемот со цврстиот отпад е еден од најактуелните проблеми во сите општини во Македонија. Истовремено ова е еден од основните проблеми  кои мора да почнат да се решаваат за одржлив урбан развој на нашите градови. Проектот "Сите сме заедно во кругот" се базира на претходно истражување на територијата на општина Гостивар, кое Фронт 21/42 го спроведе во Септември 2006.
Проектот го третира пластичниот отпад од домаќинствата. Директно ги вклучува сите средношколци од градот Гостивар, а индиректно сите граѓани во општината.

Целта на проектот е одржлив еколошки и економски развој во урбана средина преку практична имплементација на програма за редуцирање и рециклирање на цврст отпад.

 

Посебни цели:

  1. Намалување на цврстиот отпад на територијата на општина Гостивар;

  2. Воспоставување на модел за континуирана селекција и откуп на ПЕТ амбалажa во средните училишта во Гостивар;

  3. Подигнување на еколошката свест и едукација на граѓаните од општината;

  4. Стимулирање на еколошки одржливо бизнис размислување кај младата популација, како еден од основните предуслови на одржливата економија;

  5. Соработка и разбирање помеѓу различни етнички групи преку поставување на
    заеднички интереси кои ги надминуваат националните и партиските;

  6. Воспоставување на основа за долготрајна соработка помеѓу различни општествени чинители (локална самоуправа, едукативен сектор, приватен сектор, невладин сектор).

 

Во рамките на проектот: 

1.  Воспоставивме модел за примарна селекција и собирање на пластична (ПЕТ) амбалажа во сите средни училишта во Гостивар. Поточно определивме денови за собирање на пластичниот отпад, поставивме посебни контејнери во училиштата и склучивме договор со Еко Пет, компанија која го откупува собраниот отпад;



 

 

 
Првиот откуп во Средното Економско Училиште. Во првата тура учениците „продадоа“ 140 кг. пластичен отпад.
Почетокот секогаш е тежок, особено ако треба да се променат старите навики

2.  Формиравме мултиетнички работни групи во секое училиште. Работните групи го организираат и надгледуваат собирањето на амбалажата во училиштето, а на крајот од годината ќе формираат и обучат нов тим кој ќе продолжи со проектните активности;

Работната група од
техничкото училиште

Дел од работната група од медицинското училиште и гимназијата

Работната група од економското училиште

 

3.  Ги обучивме работните групи за реализација на нивните задачи преку неколку работилници;

Работилниците беа скроени според возраста на учесниците: имаше учење, работа во групи и нормално, дружење

4.  Опремивме по еден кабинет во секое училиште за потребите на работата на работните групи;

5.  Им поделивме едукативни брошури на сите ученици.

 

 

Овој проект се спроведува преку :
Програмата Сектор на РЕЦ, а е финансиран од 
Шведската агенција за меѓународна соработка и развој(СИДА)
и
Буџетот за билатерална програма на Британската амбасада во Македонија
 



Прочитајте ги едукативните брошури за одржлив развој и рециклирање:     


       

Македонски         Shqip                Türk       

 

 

 


 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт