Еко Форум од 01-11-2009 до 01-11-2011 во Македонија и Брисел
Еко Форум епродолжение и надоградба на претходните проекти „НВО Дијалог“ и „Нов НВО Форум“ коиисто така беа финансирани од страна на Европската Комисија.
Општата цел на Еко Форум е зајакнување на граѓанските организации активни на полето на животната средина во земјите кандидати и потенцијални кандидати, преку размена на информации од областа на политиките за животна средина на ЕУ, како и за развојот во политиките за проширување. Проектот, исто така ќе му овозможи на Генералниот Директорат за Животна Средина да ги консултира граѓанските здруженија за развојот на Европските политики и нивното влијание во наведените земји.Селектираните организации ќе добиваат најнови информации поврзани со политиките за животна средина на ЕУ, Регионалната Еколошка Мрежа за Пристапување(Regional Environmental Network for Accession - RENA) и други важни информации поврзани со Европската Унија.
Овие организации треба понатаму да ги пренесат овие информации во поширокото еколошко граѓанско општество во нивните земји, како и да се консултираат со останатите здруженија во врска со теми од областа на животната средина и развојот на граѓанскиот сектор и овие информации и ставови да ги претстават во Брисел. Најпосле, цел на Еко Форумот е да ја зајакне улогата на граѓанските здруженија во процесот на проширување на Европската Унија.
Со проектот се опфатени граѓански здруженија кои работат на полето на животната средина во: Хрватска, Македонија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија. Секоја од овие држави е претставена со неколку селектирани организации.
Македонија ја претставуваат: Фронт 21/42; Македонски Зелен Центар; и 4x4x4 Балкански мостови.
Во рамките наЕко Форумот се реализираат следниве активности:
-Годишни состаноци на организациите учесници со претставници на Европската Комисија во Брисел
Проектот има своја веб страна која може да ја посетуваат и користат сите здруженија на граѓани (и останати целни групи) од наведените држави.
Особено важна и корисна алатка на веб страната е Helpdesk сервисот, кој им овозможува на здруженијата на граѓани да поставуваат прашања од областа на животната средина и проширувањето на Европската Унија, како и директно да проследат одредени информации до претставниците на Европската Комисија. Регистрацијата за овој сервис е бесплатна.
Еко Форум е проект финансиран од страна на Европската Унија. Информациите на оваа веб страна се одговорност исклучиво на Фронт 21/42 и во ниеден случај не ги одразуваат ставовите на Европската Унија