front
 
English
Новости
Што правиме Климатски промени Одржлив развој Еколошко право проекти/активности
Граѓански сектор Јавна Свест Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Еколошко право/ Проекти и Активности

 
Активистите и правниот пристап од 12-01-2008 до 12-01-2009 во Македонија, Црна Гора

Еколошките закони се најефективни кога се користат како алатка за превенција на штета врз животната средина и здравјето на луѓето.

Во Македонија, како земја кандидат за членство во Европската Унија, постојат голем дел од правните  алатки за заштита на животната средина кои ги користат и Европските граѓани и организации. За жал кај нас поголемиот дел овие алатки се многу повеќе теорија отколку реалност.  Целта на овој проект е да се подигне капацитетот на еколошките организации од Македонија и Црна Гора да го користат правото како алатка за превенција на штета врз животната средина.

За оваа цел правниот тим на Фронт 21/42 изработи обемна анализа на постоечката легислатива од аспект на правни можности за превенција на штета врз животната средина и здравјето на луѓето. Се надеваме дека документот ќе им помогне на граѓаните и граѓанските здруженија во Македонија за успешно да ги користат можностите за заштита на животната средина кои ги нуди законот.

Покрај анализата, нашиот тим изработи и кратка анализа на правни стратегии за заштита на животната средина кои може да се применат во Македонија.

 

Правната анализа може да ја симнете овде

Правните стратегии може да ги симнете овде

 

 

 

 

 

Проектот се спроведува во партнерство со Зелени Црне Горе и Justice and Еnvironment , а финансиски е подржан од Европската Комисија, DG Environment.


 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт