front
 
English
Новости
Што правиме Климатски промени Одржлив развој Еколошко право Граѓански сектор Јавна Свест проекти/активности
Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Јавна Свест/ Проекти и Активности

 
Иднината е во наши раце - време е за будење! од 03-23-2006 до 03-23-2006 во Скопје - Плоштад „Македонија“

 

Јавен настан за подигнување на еколошката свест, дел од активностите планирани од страна на Британската амбасада во рамки на глобалната кампања
„Град без јаглерод“. Ние ги предложивме активностите за настанот и истиот го организиравме.

 

Целта на настанот беше да се подигне еколошката свест на граѓаните на Скопје преку:
  • едукација за влијанието на нашите секојдневни активности врз животната средина;

  • промоција на домашни еколошки производи и компании;

  • промоција на прогресивни светски еколошки трендови во Македонија.

Програмата на настанот беше поделена на сценска и вон-сценска.
Настанот го отвори Амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Неговата Екселенција Роберт Чатертон Диксон. По Амбасадорот, на граѓаните им се обратија Министерот за животна средина и просторно планирање Зоран Шапуриќ и Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.

.

Популарните музичари често промовираат прогресивни идеи со голем успех.
Во сценската прoграма на настанот беа вклучени некои од најпознатите Македонски музичари

Еден дел од сценската програма беше посветен на најмладите.
Во него настапија деца од градинките и основните училишта во Скопје.

 

Младите активисти“ - околу 30 ученици од основно училиште, инсталираа платна на кои ги пишуваа своите еколошки пораки. Ова ги привлече минувачите кои се приклучија и оставија свои пораки.

 

20 ученици од Средното Уметничко Училиште „Лазар Личеноски“ од Скопје учествуваа во „Уметност за дрвја“ - „цената“ за сликите кои ги изработија беше донација за нови садници за дворот на училиштето. Граѓаните кои оставија донација во знак на благодарност добија платнена торбичка со натпис „Јас се грижам за моето Скопје“.

 

 

Активисти од младинската мрежа Blue Sky, Меѓународните Училишта „Нова“ и Секторот за животна средина на Град Скопје делеа едукативен материјал на минувачите во центарот на градот

 

Настанот беше искористен за промоција на еколошки компании и производи кои постојат во Македонија, а не се доволно познати на пошироката јавност, како на пример фотоволтаични панели, ветерни турбини, сертифицирани органски производи, контејнери за селекција на отпад,итн.

 

Отворивме „Зелена книга“ на Град Скопје во која граѓаните можеа да ги запишат еколошките проблеми со кои се соочуваат во градот и/или своите предлози и идеи за подобрување на квалитетот на животната средина во Скопје и околината. По завршетокот на настанот Зелената книга му ја предовме на Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски.

 

Во Зелената книга своја порака остави и Тоше Проески:

 

Донатор: Британска амбасада

Партнери: Министерство за животна средина и просторно планирање, Град Скопје, Британски совет


 

 


 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт