| Настава во природа од 03-01-2006 до 08-31-2006 во Скопје
Прв дел „Време е за будење!“
Нашите активности секојдневно ја менуваат планетата и целокупниот живот на неа. Некои од тие промени се нагли и видливи, некои постепени и не толку очигледни. За голем дел од промените, вклучувајќи ги и очигледните, не сме свесни дека се директна последица на нашите секојдневни навики. Информираноста и знаењето се пресудни за промената на тие навики. Во моментов се наоѓаме во клучна фаза од постоењето на нашата цивилизација – од патот кој ние сега ќе го одбереме зависи иднината на човечкиот род и сите останати форми на живот. Ова наметнува потребата од константна едукација на населението.
Настава во природа е инсталација со која сакаме на директен и неселктивен начин да ги пренесеме до сите граѓани на Скопје информациите за нашето влијание врз природата и можните решенија за постоечките проблеми.
Затоа го одбравме Градскиот парк и време кога тој е најпосетен.
Информациите симболично ги поделивме по училишни предмети и инсталацијата ја нарековме „Настава во природа“.

Погледнете ги информативните табли кои ги инсталиравме во паркот
Втор дел „Парче природа во градската џунгла“
Со вториот дел од проектот се обидовме да ги запознаеме граѓаните на Скопје со нивниот парк.
Поблизок однос кон природата во принцип значи и повисока свесност и одговорност.
|

|
Затоа на влезот на паркот поставивме
една поголема табла со информации
за историјата на паркот,
неговиот биодиверзитет и
можностите кои ги нуди.
|
Што се може да се прави во Градскиот парк?
(извадок од големата табла)
 |
 |
 |
 |
|
Да се вдише длабоко
мирисот на пролетта
|
Да се слуша музика во
летната ноќ
|
Да се гледа небото низ
есенски лисја
|
Да се направи ангел во
првиот снег
|
Донатор: Град Скопје
Прочитајте за историјата на Градскиот парк во Скопје
Општи податоци за флората и фауната во Градскиот парк во Скопје
Погледнете ги таблите со податоци за дел од дрвјата во Градскиот парк
|