front
 
English
Новости
Што правиме Климатски промени проекти/активности
Одржлив развој Еколошко право Граѓански сектор Јавна Свест Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Климатски промени/ Проекти и Активности

 
Борци против климатски промени од 10-01-2007 до 06-30-2008 во Македонија

Во рамки на националната кампања „Нашата клима се менува - мора да се промениме и ние!“, а во соработка со младинската мрежа Blue Sky формиравме локални единици на Борци против климатски промени во следниве градови низ Македонија:

 

Што значи да се биде Борец против климатските промени?


1. Прво треба добро да се информираш што се климатски промени, зошто се случуваат,
     кои се последиците и што може секој да направи за да се бори против нив.

 

Нашите Борци поминаа интензивна дводневна обука со која ја започнавме кампањата


2. Потоа започнуваш да ги менуваш своите навики и навиките во твоето семејство.

 

Новите правила во домот на еден Борец против климатски промени


3. Следно, го шириш знаењето во својата околина.

По работилницата во Скопје координаторите имаа задача да го пренесат стекнатото знаење најпрвин во својот локален
клуб, а потоа и во сите основни и средни училишта во својот град.

 4. Преоѓаш во акција во заедницата...

  Борците против климатските промени ги предводеа акциите за пошумување во своите општини.


8 декември 2007 година беше ден на глобална кампања за климатските промени. Ние заедно со младите Борци се приклучивме кон кампањата со Апел за одговорно однесување кон следните генерации кој им беше предаден на градоначалниците.

Апелот може да го симнете овде и слободно да го дистрибуирате и/или објавите


Борците против климатски промени се нашите главни партнери во организирањето на „Час за Земјата“ низ Македонија.


Посветеноста и решеноста на овие млади луѓе  да ги едуцираат своите сограѓани и со сопствен пример да мотивираат поинаков начин на размислување и делување во своите места се наша секојдневна инспирација.

 

Сакаш да станеш Борец против климатски промени?
Прати ни е-mail на  contact@front.org.mk, а ние ќе те поврземе со координаторот од твојот град.
Доколку во твојот град нема Единица на локални борци против климатски промени можеш да собереш свои врсници и да формирате нова Единица.

Ние ќе ви испратиме материјали и ќе ви помогнеме.

 


  

 


 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт