| Нашата клима се менува - мора да се промениме и ние! од 04-01-2007 до 07-31-2008 во Македонија
|

|
Како и секоја друга држава и Македонија веќе трпи последици од климатските промени, а според истражувањата и проекциите, во иднина овие последици може да достигнат катастрофални размери. Просечната годишна температура во Македонија се очекува да бележи пораст од 4,6°С, а летната температура цели 5,1°С до 2100 година. Нашата држава е една од земјите на кои им се заканува суша и се што таа носи со себе.
И покрај сето ова, климатските промени не се една од актуелните теми во Македонија. Медиумите многу ретко ја споменуваат, во училиштата и се посветува симболично внимание, а обичните граѓани речиси да немаат никакви сознанија што се климатски промени, зошто се случуваат и кои се последиците од нив
|
Истражувањето на јавното мислење за климатските промени кое го спроведовме во текот на
„Север Југ Исток Запад“ Караванот, покажа дека:
· средношколците, но и нивните професори имаат многу малку познавања за причините за
глобалното затоплување и климатските промени;
· граѓаните не се свесни за локалните последици од локалните климатски промени;
· свеста за индивидуалната одговорност е на многу ниско ниво;
· има многу мал интерес за проекти и активности поврзани со борбата против климатските промени
кај локалните власти, но и кај локалните еколошки здруженија (секако, чест на исклучоците кои
ги има навистина малку).
Поради сето ова решивме да спроведеме национална кампања за подигнување на јавната свест во врска со
климатските промени - „Нашата клима се менува – мора да се промениме и ние!“
Главна цел на кампањата е да мотивира активно учество на Македонските граѓани во локалната и
глобалната борба против климатските промени.
|

|
Почетокот на кампањата го означивме со
прес конференција на која ни се
придружија и Амбасадорот на
Велика Британија,
Неговата Екселенција Андру Ки
и неговата сопруга Џоана.
Во знак на подршка на кампањата
и двајцата ги носеа нашите маички
„Јас се борам против
климатските промени“ .
|
Борци против климатски промени
Во соработка со Blue Sky младинската мрежа формиравме Единици на борци против климатските промени во секој град во Македонија. Локалните Борци имаат задача да ја подигнат свеста за климатските промени во своите заедници преку едукација, информирање и директни акции. Во рамки на проектот организиравме дводневна работилница на која најпрво ги обучивме координаторите на локалните единици.
Специјален гостин на работилницата беше Г-ѓа Џоана Ки, сопруга на Британскиот амбасадор во Македонија, и самата голем борец против климатските промени.
   
Овде може да прочитате повеќе за Борците против климатски промени
Акција за пошумување „Ајде да растеме заедно!“
Штедењето енергија од фосилни горива и пошумувањето се две најважни активности во борбата против климатските промени. Во рамките на проектот организиравме акција за пошумување со 1000 нови садници во околините на сите градови во Македонија. Акцијата ја нарековме „Ајде да растеме заедно!“ и со неа ја вклучивме Македонија во глобалната акција на УНЕП „Посади за планетата - Една милијарда дрвја“.
Борците против климатските промени ги предводеа акциите во своите општини, а покрај нив во пошумувањето се вклучија и огромен број ученици од локалните основни и средни училишта. Во Скопје, на младите активисти им се приклучија вработените во Британската амбасада, Британскиот амбасадор Андру Ки и Министерот за животна средина и просторно планирање Џелил Бајрами.
  
ТВ Kампања за штедење енергија
За да ги поттикнеме Македонските граѓани да штедат енергија изработивме ТВ спот во кој ги повикуваме гледачите да ги проверат светилките и апаратите во домот и да ги исклучат оние кои се непотребно вклучени.
Погледнете го ТВ спотот (WMV 5.8MB)
Турнеја на „Север Југ Исток Запад“ во 7 градови
Изложбатa „Север Југ Исток Запад“ успешно го привлече вниманието кон темата климатски промени за време на Караванот. Овојпат изложбата се поставува во нови 7 градови во Македонија (Кочани, Куманово, Ресен, Штип, Прилеп, Охрид и Велес), а нашите Борци против климатски промени се обучени водичи за посетителите.
Во секој град, во соработка со општината, организираме групни посети на изложбата од сите основни и средни училишта. Учениците имаат можност да присуствуваат на отворен час за климатските промени, организиран од Борците од нивниот град и да добијат едукативен материјал прилагоден на нивната возраст.
  
  
Работилница „Заедно можеме!“
Во рамки на проектот се планира и работилница за еколошките здруженија, претставници на општините и претставници на медиумите, насловена „Заедно можеме“. Целта на работилницата е да поттикне поактивна и организирана борба против климатските промени во Македонија. На работилницата, меѓу другото, ќе бидат презентирани и резултатите од нашите истражувања кои може да послужат за креирање на нови проекти на граѓанските здруженија во Македонија, но и општините во кои истите биле спроведени.
Резултатите од истражувањата може да ги нарачате oвде
Учество во глобални кампањи и акции
Заедно со Борците против климатски промени во текот на кампањата се вклучивме во Глобалната кампања за климата со Апелот за одговорно однесување кон следните генерации кој Борците го предадоа на своите градоначалници.
Апелот може да го симнете и препратите по e-mail
„Час за Земјата“ е уште една глобална иницијатива која ја покренавме во Македонија.
Донатор: Британска амбасада
Симнете ги нашите PDf едукативни брошури бесплатно:
11 - 14 год. 8- 10 год.
 
Македонски (11.5MB) Македонски (11.7 MB)
Албански (10.1MB) Албански (9.22MB)
Поради големината на документот брошурата за средно образование не може да биде објавена на web страна
Нарачајте печатена верзија на oвде
Дознајте повеќе за Македонија и климатските промени
|