 
Доколку има некој проект (фабрика, автопат, стратешки план, итн) кој сметате дека може да има негативно влијание врз животната средина и сакате тоа да го спречите, ве молиме пополнете го прашалникот и до 15 јуни 2009 испратете го на:
contact@front.org.mk
Нашите правници, во соработка со нивните ментори од Европската Унија, ќе одберат еден случај за кој ќе изработат детална правна анализа. Покрај ова, ќе биде изработена и Стратегија за ефективно искористување на правните алатки за превенција на негативно влијание врз животната средина и здравјето во Република Македонија. Сите наведени документи (листата на предложени случаи, правната анализа и Стратегијата) ќе им бидат испратени на сите оние кои учествувале во консултациите.
Придружете ни се во напорите да го искористиме правото за заштита на животната средина и здравјето на луѓето во нашата убава земја!
Консултациите се дел од проектот „Активистите и правниот пристап“, финансиски поддржан од Европската Комисија, DG Environment.
|