Конференцијата во Копенхаген доби неочекуван пресврт од вчера вечер. Британскиот весник Гардијан објави таен нацрт договор кој владата на Данска го изготвила со „неколку одбрани“ (читај богати) држави уште пред да започне конференцијата. Во документот стои дека и земјите во развој треба да постават цели за намалување на емисиите за истите глобално да се намалат за 50%.Документот вели дека глобалните емисии треба да достигнат врв до 2020, но не предлага никакви конкретни цели, нити споменува Зелен Фонд за најранливите. Според документот контролата на финансирањето на борбата против климатските промени ќе биде пренесена на Светска Банка.
Скандалозниот документ, за кој владата на домаќинот – Данска упорно негира дека постои (и покрај тоа што веќе е јасно дека „Царот е гол“) ги разбесни неразвиените и државите во развој.
Денеска на пладне Тувалу (мала островска држава покрај Фиџи која веќе трпи сериозни последици од покачувањето на морето) побара, во знак на протест, да се прекинат преговорите и конференцијата.