front
 
English
Новости
Што правиме
Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Новости

COP15 отворање од 12-07-2009

„Ајде да завршиме работа! Ова е времето за договор! ОВА е местото на кое треба да се обврземе. И да, сеуште има многу препреки. Но од нас зависи дали ќе ги надминеме. И тоа е возможно да се направи.“

Со овие зборови Connie Hedegaard, Министер за Климатски промени при ОН ја отвори  Конференцијата на страните (COP15) во Копенхаген.


На отворањето Kumi Naidoo, претседател на TckTckTck.org и Извршен Директор на Greenpeace, му предаде петиција од 10 милиони потписи на Премиерот на Данска.

Повеќе за ова може да се најде на tcktcktck.org

 

 

Малку подалеку од Бела Центарот каде се одржува официјалниот дел од конференцијата, во Климафорум, имаше друго отворање на кое тонот беше доста поостар.

Naomi Klein светски познат новинар и активист за животната средина изјави дека „Бела Центарот е најголемиот случај на катстрофален капитализам. Договорот кој навистина ни треба не е воопшто ни на маса.“

Klein потсети дека „Климафорумот не се однесува на давање милостина на светот во развој, туку на превеземање на одговорност од страна на индустријализираните држави кои треба да го расчистат ломот кој сами го направивме.“

 

Други информации:

 

   „Светски познатата награда“ – Фосил на денот, која ја доделува CAN Int.  им беше доделена на сите богати држави за „неверојатното отсуство на амбиции“. Второто место го делат Шведска, Финска и Австрија заради обидот да ги замачкаат работите и да си присвојат повеќе заслуги одколку што им припаѓаат, во име на нивните големи, недопрени шуми. Третото место го доби Канада, а Саудиска Арабија доби почесно споменување.

 

 

 

 Greenpeace поставија големи постери на аеродромот во Копенхаген на кои се претставени светските лидери кои од 2020 ни порачуваат дека „жалат што не ги спречиле катастрофалните климатски промени“. (На сликата е претседателот на Русија Медведев)

 

ЕУ сеуште не ги открива своите намери дали ќе понуди 30% намалување и како стојат работите, неизвесно ќе биде до самиот крај на преговорите. Имено, претставниците на ЕУ изјавија дека се зависи од понудите на останатите држави – доколку и тие се обврзат на сериозни намалувања, тогаш ЕУ ќе ја даде својата заложба за 30%.

Инаку, „се шушка“ дека ЕУ, во знак на добра воља, ќе понуди, уште за време на Конференцијата 1,3 милијарди евра за ублажување и адаптација во земјите од третиот свет.

 

 

 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт