|
Нова алтка за еколошките здруженија од Македонија од 03-18-2010

Здруженијата од Македонија кои работат на полето на заштитата на животната средина имаат можност во својата работа да користат уште една алатка – Envrionment Forum. Станува збор за проект финансиран од Европската Комисија, а чија цел е зајакнување на граѓанскиот сектор од областа на животната средина од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската Унија.
Повеќе за проектот може да најдете на веб страната www.envforum.eu
На истата веб страна ќе забележите и линк „helpdesk” – кој ви овозможува да поставувате конкретни прашања и да добиете релевантни одговори од експерти во ЕУ. Повеќе за оваа услуга и начинот на кој може да се користи ќе најдете во документот со инструкции:
Инструкции на Македонски
Инструкции на Албански
Фронт 21/42, како една од организациите кои во овој проект го претставуваат граѓанскиот сектор од Македонија, им стои на располагање на сите домашни здруженија од областа на животната средина, доколку им се потребни дополнителни објаснувања за проектот, или сакаат да пренесат во Брисел одреден став поврзан со тема од животната средина, или да укажат на некое случување, итн – да ни се обратат преку contact@front.org.mk |