front
 
English
Новости
Што правиме
Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Архива

Rottenhagen од 12-21-2009

Flopenhagen. Brokenhagen, COP-OUT-HAGEN… Историската конференција за климата заврши како историско промашување.


Што всушност значи политичкиот договор наречен „Спогодбата од Копенхаген“?


1.      Високо развиените држави (најголемите емитери на стакленички гасови) немаат никакви конкретни намалувања на емисиите.  Предлозите за намалувањата треба „на доброволна база“ да ги достават до Секретаријатот до 31ви Јануари 2010.

2.      Развиените држави ќе обезбедат 30 милијарди долари за митигација и адаптација во неразвиените, во периодот 2010-2012. Не е јасно дали овие пари ќе бидат „нови“ или главно „рециклирани“ постоечки пари (пренамена на веќе постоечки фондови за развој во климатски фондови). Најверојатно најголем дел од овие пари ќе бидат од приватни извори (односно продажба и купување на јаглеродни кредити), многу мал дел ќе бидат од владите, а се споменуваат и некакви „алтернативни извори на финансирање“ за кои никој не дава објаснување. Развиените, исто така, до 2020 година треба да мобилизираат 100 милијарди долари годишно за потребите на неразвиените. За овие пари е ушто понејасно од каде би доаѓале и за што точно би се намениле. Она што се знае е дека голем дел од тие пари би се дистрибуирале преку новосоздаден Копенхашки Зелен Климатски Фонд.

3.      Ништо од горенаведеното не е правно обврзувачко за потписничките на „Спогодбата“.


Во превод: во Копенхаген не се донесе фер, амбициозен и правно обврзувачки договор, кој ќе обезбеди задржување на глобалното затоплување под 2°C, со што би се спречиле најкатастрофалните последици, а уште помалку договор кој ќе обезбеди задржување под 1,5°C  каков што со право бараат најранливите држави кои буквално исчезнуваат од лицето на Земјата.

 

 

Како се донесе „договорот“?

На крајно нетранспарентен начин, зад затворени врати и од страна на неколку држави од „ексклузивниот клуб“. Некои офцијални делегации од Африка прв пат слушнаа дека има договор на прес конференцијата на Обама. Невладиниот сектор беше исфрлен од Бела Центарот на скандалозен и насилен начин, што претставува кршење на одредбите на Архуската Конвенција која Данска и повеќето Не-Анекс држави ја имаат ратификувано.

Заклучок?

 

Работите не само што не се завршени, туку допрва треба да се интензивираат. Лекцијата научена од Копенхаген е дека во следнава година, до следниот COP 16 во Мексико, граѓаните и невладините организации треба многу посериозно да се мобилизираат и да извршат притисок врз политичарите. На мирен начин, но таков кој нема да може да биде туку така игнориран. Едноставно затоа што немаме друг избор – ако политичарите тоа не го разбираат и го ставаат профитот пред целата планета, тогаш мора да се најде начин кој ќе ги  „разбуди“.

 

Конференцијата сумирана во краток видео запис од Гардијан може да се погледне овде

    

 

 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт