front
 
English
Новости
Што правиме
Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Архива

Гласај за Земјата! од 03-23-2009


Час за Земјата 2009

28.03.2009

20:30 - 21:30 часот
ИСКЛУЧИ ГИ СВЕТИЛКИТЕ – ГЛАСАЈ ЗА ЗЕМЈАТА!

Оваа година Часот за Земјата ќе се одржи во сабота, 28. Март.

Од 20:30 до 21:30 изгасни ги светилките – така ќе го дадеш својот глас за Земјата, а против глобалното затоплување!

 

Часот за Земјата започна во Сиднеј во 2007 година, кога 2,2 милиони граѓани, приватни компании и јавни претпријатија ги исклучија своетилките за еден час.

  Во 2008 година акцијата прерасна во глобално движење. 

Дознај повеќе за Часот за Земјата 2008 во Македонија

 

Оваа година акцијата добива нова димензија. Часот за Земјата 2009 се првите глобални избори на кои граѓаните од целиот свет ќе гласаат за Земјата со тоа што во сабота, 28. Март од 20:30 до 21:30 ќе ги изгаснат светилките.

Целта е да се соберат ЕДНА МИЛИЈАРДА гласови од целиот свет. Резултатите од „гласањето“ ќе им бидат презентирани на светските лидери за време на Глобалната Конференција за климатски промени во Копенхаген.

 

Дознај повеќе за Часот за Земјата 2009

 

 

 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт