front
 
English
Новости
Што правиме
Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Архива

„Заедно за климата“ НВО мрежа од 12-23-2008

Кога ја започнавме кампањата Нашата клима се менува – мора да се промениме и ние!“ една од целите кои си ги зацртавме беше да мотивираме многу поактивно и поорганизирано учество на граѓанските организации во поттикнувањето на националните активности за борба против климатските промени. Иницијативата за НВО мрежа ја покренавме на работилницата во септември, на која гостуваше Тони Џунипер (поранешен директор на Friends of the Earth за Англија, Велс и Северна Ирска, во моментов работи на универзитетот во Кембриџ и како специјален советник на Принц Чарлс во проектот за дождовни шуми).

На наша голема радост колегите од останатите организации кои учествуваа на работилницата ја прифатија оваа иницијатива и еден месец подоцна - на 8.11.2008, заедно со Проактива, Екосвест, Експертиза и едукација, Центар за развој на културата и животната средина, Грин Пауер и Зелената Арка ја формиравме првата Македонска НВО мрежа за борба против климатските промени – „Заедно за климата“.

Посебно сме среќни што Тони Џунипер, кој ни помогна да ги инспирираме и мотивираме учесниците на работилницата, стана почесен член на мрежата.

 

Климатските промени се тема која ги засега сите луѓе и сите сектори – затоа мрежата е отворена за сите организации (не само еколошки) и за индивидуалци кои ги делат визијата, мисијата и целите на мрежата.

Визијата, мисијата, целите и останатите информации за мрежата ќе ги најдете овде

 

Ги повикуваме сите организации и индивидуалци кои се заинтересирани да се приклучат кон мрежата да испратат e-mail на: zaednozaklimata@yahoo.com во кој ќе ги наведат своите мотиви за приклучување и ќе остават контакти ( e-mail адреса, телефон) за понатамошна комуникација.

 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт