front
 
English
Новости
Што правиме
Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Архива

Победници во конкурсот за ветувања од 11-02-2008

 

Во рамките на кампањата „Нашата клима се менува – мора да се промениме и ние!“ ги повикавме учениците од основните и средните училишта низ земјава да ни испратат свои ветувања за она што тие ќе го направат во борбата против климатските промени.
Им се заблагодаруваме на сите кои со своите гласови ни помогнаа да ги одбереме трите најдобри ветувања.

Победниците се:


УЧЕНИЦИ ОД 2-4 ОДДЕЛЕНИЕ:

 Викторија Николовска ОУ “Никола Карев“, Кочани:

НАШАТА КЛИМА СЕ МЕНУВА, ЗАТОА ВЕТУВАМ ДЕКА ќе ја штедам струјата, водата, ќе ги исклучувам компјутерите, нема да ја загадувам природата, нема да трошам хартија и др. Ќе садам дрва и ќе ги вадам. И се така ќе пазам да не ја оштетам планетата и ќе им кажам на моите другарки, другарчиња да ја пазат планетата и ќе им кажам се така како што кажаа децата од гимназијата. Сите овие работи ги напишав зошто ја сакам планетата.

Викторија ќе добие тротинет како награда за своето ветување.

 

УЧЕНИЦИ ОД 5-8 ОДДЕЛЕНИЕ:

 Никола Славев ОУ “Св. Кирил и Методиј“, Велес

НАШАТА КЛИМА СЕ МЕНУВА, ЗАТОА ВЕТУВАМ ДЕКА ќе штедам ел.енергија. Би ги советувал родителите да одат на работа со автобус а не секој посебно со автомобил. Секој граѓанин да има засадено свое дрво во градските паркови. Ветувам дека нема да користам најлонски ќеси и отпадот ќе го рециклирам.

Никола ќе добие ролерки како награда.


УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ:

 Катерина Ѓорѓиевска СОУ “Гоце Делчев“, Куманово

НАШАТА КЛИМА СЕ МЕНУВА, ЗАТОА ВЕТУВАМ ДЕКА ќе ги сменам оние мои навики кои и штетат на нашата планетa, ќе садам дрвја, отпадоците ќе ги дадам на рециклирање, ќе одам пеш, ќе користам јавен превоз и ќе ги мотивирам другите да се заинтересираат за проблемите на нашата планета Земја.

 

Катерина ќе добие велосипед за своето ветување.

 

 

 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт