front
 
Македонски
News
What we do
Galleries
Services
Get Involved
Forum
Blog
About Us
Contact
Sitemap
 
Archive

Instructions in Macedonian од 03-18-2010

Имате прашање – ние ќе ви помогнеме да го најдете одговорот.

Ова е услуга за професионалци вклучени и/или заинтересирани за процесот на проширување на Европската Унија, посебно насочена кон корисниците од Хрватска, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Турција.

 

Услугата им овозможува на корисниците да постават прашања, барања или коментари и да добијат брз одговор од одредени експерти. 

Taa претставува лесна и практична „влезница“ за организациите кои сакаат да ја искористат можноста за „насочен“ пристап до информации важни за граѓанското општество, преку поставување на специфични прашања во врска со приширувањето на Европската Унија и политиките на ЕУ.

 

Поставувајте прашања во врска со:

1. Проектот “Environment Forum”

2. ЕУ, процесот на проширување и целните држави

3. Процесот на проширување на ЕУ и можностите за граѓанските организации од областа на заштитата на животната средина

Helpdesk е услуга за професионалци вклучени и/или заинтересирани за процесот на проширување на Европската Унија. Со цел да се избегнат прашања кои не се во рамките на проектот, или експертизата која може да се пружи, предлагаме пред да го поставите прашањето да проверите дали истото припаѓа на некоја од наведените теми.

Подетaлно за темите кои се опфатени со helpdesk може да погледнете на следнава веб страница: www.envforum.eu

За да поставите прашање доволно е да испратите e-mail на: helpdesk@envforum.eu


За проектот Environment Forum“: 

Целта на проектот “Environment Forum” е да помогне во градењето и зајакнувањето на граѓанските организации активни во областа на заштитата на животната средина во трите земји кандидати за членство во ЕУ (Хрватска, Македонија и Турција) и потенцијалните кандидати (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово), преку размена на информации за политиката на ЕУ во областа на животната средина и нејзиниот развој во рамките на процесот на проширување на Европската Унија.

 
 
 
  News   What we do   Galleries   Services   Get Involved    Forum   Blog   About us    Contact   Македонски
Фронт