front
 
English
Новости
Што правиме Климатски промени Одржлив развој Еколошко право Граѓански сектор проекти/активности
Јавна Свест Галерии
Услуги
Активирај се
Форум
Блог
За Нас
Контакт
Мапа на сајтот
 
Што правиме/ Граѓански сектор/ Активности

 
Прв годишен состанок од 11-18.-2009 до 11-20-2009 во Брисел како дел од Еко Форум

 

Првиот Годишен состанок во Брисел се оддржа од 18ти до 20ти ноември 2009 година и на истиот присуствуваа претставниците на селектираните организации од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската Унија, поточно:

 

Од Македонија: Фронт 21/42, Македонски Зелен Центар, 4x4x4 Балкански мостови;

Од Хрватска: Zelena Akcija, NGO Franjo Koscec;

Од Турција: ТЕМА; KADOS

Од Албанија: Organic Agriculture Association, Co-Plan, Pseda- Iliria;

Од Босна и Херцеговина:CEETZ, Centar za zivotnu sredinu;

Од Црна Гора: Greenhome, ZELENI/GREEN;

Од Србија: ЦЕКОР, Млади истраживачи Србије; Амбасадори животне средине;

Од Косово: ATRC

 

Во текот на состанокот секоја национална група на организации имаше посебен состанок со одговорното лице од Генералниот Директорат за животна средина назначено за конкретната држава, а беа оддржани и следниве информативни/ тематски сесси од страна на претставници на Европската Комисија:

 

l        Информативна сесија 1: Состојба на процесот на проширување и преговорите за пристапување - Yolanda Valassopoulou (Генерален Директорат за проширување);

 

l        Тематска сесија1: Управување со отпад - Andreas Versmann (Генерален Директорат за животна средина);

 

l        Тематска сесија 2: Интегрирано спречување и контрола на загадувањето - Christian Wimmer (Генерален Директорат за животна средина);

 

l        Информативна сесија 2: Климатските промени и Копенхаген - Hannes DESCAMPS (Генерален Директорат за животна средина);

 

l        Информативна сесија 3: Легислатива и политики кои треба да се донесат (pipeline): Биодиверзитет - Slavitza Dobreva (Генерален Директорат за животна средина) и Квалитет на воздух - Béatrice Zaremba (Генерален Директорат за животна средина);

 

l        Информативна сесија 4 - Регионални можности: Daniela Topirceanu (Генерален Директорат за проширување).

 

Сите презентации може да ги погледнете овде

 

Од организациите кои учествуваат во проектот беше побарано да достават свои мислења и анализи на состојбите во нивните земји, а поврзани со двете главни теми: Интегрирано спречување и контрола на загадувањето и Управување со отпад.

 

Прочитајте ги тематските документи на Фронт 21/42 (само на Англиски):

 

ИСКЗ

Отпад

 

Доколку сакате нешто да поделите со нас на овие две теми, или би сакале ние, во Ваше име, да пренесеме во Брисел одредени информации и/или случаи од Македонија поврзани со овие теми – контактирајте не

 

  Еко Форум е проект финансиран од страна на Европската Унија. Информациите на оваа веб страна се одговорност исклучиво на Фронт 21/42 и во ниеден случај не ги одразуваат ставовите на Европската Унија

 


 
 
 
  Новости   Што правиме   Галерии   Услуги   Активирај се    Форум   Блог   За Нас    Контакт   English
Фронт