КАКО ДА ГО ИСКОРИСТИТЕ ПРАВОТО ЗА ДА ЈА ЗАШТИТЕ ПРИРОДАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА?

Ви го претставуваме прирачникот за практична употреба на правото за зачувување на животната средина, базиран врз искуството од  нашата речиси 10-годишна борба за зачувување на Националниот парк „Маврово“.

 

Публикацијата со наслов „Користете ги правните алатки и механизми за заштита на животната средина – Инспирирајте се од приказната за националниот парк Маврово и зачувајте ги последните диви и слободни реки во Европа“ содржи детален приказ на правните алатки и механизми кои ги користевме во борбата за зачувување на Националниот парк „Маврово“, како и студии на случаи и селекција на инспиративни акции и настани.

Прирачникот е наменет за националните и меѓународните граѓански организации и активисти кои сакаат да го зачувуваат „Синото срце“ – последните слободни реки во Европа, но и за сите оние кои сакаат да научат како да си ги користат законските права за да влијаат врз одлуките кои ја афектираат природата и животната средина.

Се надеваме дека ќе бидете инспирирани да преземете акција!