Кампањата „Да го зачуваме синото срце на Европа“

Во 2013 година, меѓународните граѓански организации Ривервоч и Еуронатур ја започнаа меѓународната кампања „Да го зачуваме синото срце на Европа”. Целта на кампањата е да се спречи уништувањето на најзначајните реки и речни корита во Југоисточна Европа, поради неконтролирана изградба на хидроенергетските проекти. Една од клучните области на интерес е Националниот парк „Маврово” каде е предвидена изградба на над 20 хидроенергетски проекти!

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ од 2010 година спроведува активности за зачувување на Националниот парк „Маврово“ и последните слободни реки во Македонија. Почнувајќи од 2013 година, активностите на „Фронт 21/42“ се поддржани од меѓународната кампања „Да го зачуваме синото срце на Европа”.

Регионален Еко-Мастер план за зачувување на Балканските реки

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Хидро енергетските проекти во Националниот парк „Маврово“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прирачник Користете ги правните алатки и механизми за заштита на животната средина – Инспирирајте се од приказната за националниот парк Маврово и зачувајте ги последните диви и слободни реки во Европа“.

Вести

Претставничкиот дом на парламентот на Босна и Херцеговина усвои Декларација за заштита на реките и заклучок со кој се забрани изградба на мали хидроцентрали!

Претставничкиот дом на парламентот на Босна и Херцеговина усвои Декларација за заштита на реките и заклучок со кој се забрани изградба на мали хидроцентрали!

Претставничкиот дом на парламентот на Федерацијата на БиХ на 23 јуни усвои Декларацијата за заштита на реките и гласаше за заклучок за целосна забрана за изградба на мали хидроцентрали (МЕК) на целата територија на ФБиХ. Овој заклучок и дава на Владата на ФБиХ период...

Во ера на климатски промени, кој природен ресурс треба да го зачуваме?

Во ера на климатски промени, кој природен ресурс треба да го зачуваме?

Одличен текст на еминентниот весник Huffpost кој дава преглед на проблемот со хидроцентралите во Националниот парк „Маврово“ и сагата на жителите на Жировница. Линк до целосниот текст Huffpost   ...

Нов извештај: субвенциите за хидроенергија предизвикуваат хаос во животната средина и ги полнат џебовите на влијателни лица од Западниот Балкан

Нов извештај: субвенциите за хидроенергија предизвикуваат хаос во животната средина и ги полнат џебовите на влијателни лица од Западниот Балкан

Непропорционално високи субвенции за малите хидроелектрани во Западен Балкан резултираат со големи штети по животната средина, а од нив профитираат богати бизнисмени кои се блиски или се дел од владите во регионот. Истовремено, придонесот кон производството на...

Хидроцентралите Жировница 5 и Жировница 6 ги изгубија дозволите за градба. Дали Владата конечно ќе се осмели да ги раскине концесиските договори?

Хидроцентралите Жировница 5 и Жировница 6 ги изгубија дозволите за градба. Дали Владата конечно ќе се осмели да ги раскине концесиските договори?

Хидроцентралите Жировница 5 и Жировница 6 ги изгубија дозволите за градба. Прашуваме: дали Владата конечно ќе се осмели да ги раскине концесиските договори за овие хидроцентрали во Националниот парк Маврово во согласност со барањата на Бернската конвенција и...

Бараме итно воспоставување на зони за заштита на реките!

Во нашата земја и поширокиот Балкански регион се наоѓаат последните таканаречени „диви“, или „слободни“ реки. Наместо да го заштитиме овој бесценет природен ресурс ние планираме над 400 хидроенергетски проекти. Половина од нив се предвидени во недопрена природа, во најживописните речни долини, некои и во национални паркови и други заштитени подрачја.
Бараме итно воспоставување на зони за заштита на реките – зелени зони за сини реки!
Поддржете ја иницијативата на следниот линк:

Поддржувачи

Контактирајте не

+389(0)23122546
Бул. Климент Охридски бр.54-2/2, 1000 Скопје